Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Немало одобрение за спорниот приклучок: Нови детали за загадената вода во Гостивар, тројца под истрага!

Gladiator 21/07/2026

Спорната интервенција на водоснабдителниот систем во Гостивар била реализирана без претходна согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, потврди директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска.

Таа појасни дека според важечката дозвола, секоја промена на водоснабдителната мрежа мора однапред да добие одобрение од Управата за животна средина, односно од Секторот за води. Сепак, во овој случај такво барање воопшто не било поднесено.

Гиновска нагласи дека приклучокот кој сега е предмет на истрага не бил предвиден во издадената документација и бил поставен на околу еден километар од последната точка опфатена со дозволата. Околностите под кои е изведен зафатот, како и начинот на кој загадената вода влегла во системот за водоснабдување, ќе ги утврдуваат Крим-полицијата и Јавното обвинителство.

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со дополнителни анализи на водата, при што се земени примероци од повеќе точки низ Гостивар. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, изјави дека забраната за користење на водата од системот на ЈП „Комуналец“ останува во сила сè додека лабораториските резултати не потврдат дека таа е исправна и безбедна.

Тој апелираше граѓаните да не ја користат водата за пиење, подготовка на храна и пијалаци, туку да обезбедат друг извор на технички исправна вода сè до добивањето официјално известување од надлежните институции.

Основното јавно обвинителство во Гостивар веќе води истражна постапка против три лица – вршителката на должноста директорка на ЈП „Комуналец“, техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи.

Според сомневањата на обвинителите, на 25 јуни тие дале наредба да се постават три потопни пумпи во канал со површинска вода, по што во водоводната мрежа била внесена вода загадена со колиформни бактерии. Анализите покажале микробиолошка неисправност на водата за пиење, како и концентрација на резидуален хлор над дозволените вредности.

Осомничените се приведени, а Обвинителството ќе одлучи дали ќе предложи дополнителни мерки за нивно обезбедување. Истрагата за случајот продолжува и треба да ги утврди сите околности и евентуалната одговорност.

Веста ја пренесува Skopje1.mk

Tags: вода гостивар загаденост министерство

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Алармантни сознанија од истрагата во Гостивар: Анализирана вода со загаденост на ниво на канализација!
Next: Скандалозни наоди: Анализите открија алармантно ниво на бактерии во водата во Гостивар!

Најново

  • (ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!
  • (ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!
  • (ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!
  • (ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!
  • Секое споделување може да помогне: Хаската тешко повредена по удар од автомобил сега има потреба од наша помош!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!

21/07/2026
(ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!

(ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!

21/07/2026
(ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!

(ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!

21/07/2026
(ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!

(ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!

21/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Моментот кога се одлепи кров од објект од силниот ветер!
  • (ВИДЕО) Стравичен момент: Кров од зграда одлета и падна врз автомобил и моторџија на семафор!
  • (ФОТО+ВИДЕО) Огромни материјални штети по денешното невреме во Скопје!
  • (ФОТО) Пристигнува уште поголемо невреме во Македонија, еве кога!
  • Секое споделување може да помогне: Хаската тешко повредена по удар од автомобил сега има потреба од наша помош!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.