Фото: Схтм Македонија
Македонија настапи на 58. Меѓународна олимпијада во Ташкент, Узбекистан при што освои еден бронзен медал и доби три пофалници.
„Во конкуренција од 363 ученици од 93 држави, бронзен медал освои ученичката Теона Ана Георгиевска од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје, а Даниел Христов од СОУГ „Славчо Стојменски“, Штип, Даниел Христовски од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје и Георги Николоски од СОУГ „Мирче Ацев“ од Прилеп, добија пофалници“, објави СХТМ Македонија.
Подготовките за олимпијадата беа организирани од СХТМ, а беа вклучени поранешни олимпијци, сега студенти на ИХ, ПМФ, како и соработници, асистенти и професори од Институтот за хемија, ПМФ, Скопје.
