Фото: Принтскрин
Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер, Бујар Османи реагираше на обележјето кое го постави Град Скопје на влезот.
Османи во неговата објава на социјалните мрежи смета дека воопшто не бил застапен албанскиот јазик.
„На билбордот недостига албанскиот јазик, иако главниот град е двојазичен, а неговиот идентитет со векови го граделе различни етнички, културни и верски заедници. Ова е неприфатливо“, вели Османи и смета дека биле изоставени скопската чаршија, џамиите и останатите симболи кои претставуваат албанско наследство на Скопје.

