Фото: Принтскрин
Семејството на легендарниот македонски пејач Тоше Проески испрати итно соопштение откако на платформата „Ивентим Хрватска“ беше објавено дека се продаваат билети за концерт во чест на починатиот пејач.
Сестрата на Тоше, Дора Проеска информира дека деталите објавени на „Ивентим“ за концертот не се вистински.
„Оваа информација не е точна. Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше“, објави таа.

