Фото: Принтскрин
Аларматна е состојбата во Гостивар каде што околу 1.200 граѓани побарале медицинска помош поради стомачни тегови, а на социјалните мрежи се појави и видео на кое може да се забележи дека од чешмите во Гостивар тече кафеава вода.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде времена забрана за користење на водата од градски водовод, а Обвинителството отвори истрага за случајот.
Инспекцискиот надзор покажал дека главниот цевковод незаконски со пумпа бил поврзан со реката Вардар од каде што се вбризгувала вода во системот за водоснабдување.
