Фото: Принтскрин
Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова кажа дека предлогот за една изборна единица е добро решение.
Сиљановска-Давкова смета дека на таков начин секој глас ќе има еднаква тежина, а во интервју за „Канал 5“ посочи дека овој модел би можел да биде соодветен за земјава.
„Ова решение го има во две или три држави, сепак добро би било да го има кај нас зашто во различни изборни единици со различен број гласови се победува. Гласот треба да има еднаква тежина“, кажа претседателката.
