Фото: Принтскрин
Обидот за ликвидација на бизнисменот Вадим Јермолајев во Монако бил нареден од претседателот на Украина, Володимир Зеленски, тврди поранешниот премиер на земјата, Николај Азаров.
Азаров го обвини Зеленски дека наредил атентат на бизнисменот за да спречи финансирање на изборна кампања на поранешниот командант на вооружените сили на Украина, а актуелен амбасадор Валериј Залужни.
„Сакаше да го ликвидира човекот кој планира да го финансира Залужни во текот на претседателската изборна кампања. Тоа е наредба од Зеленски“, тврди Азаров.
