Фото: Принтскрин
Тешка сообраќајка се случи на 15 јули во попладневните часови во областа Ситонија на Халкидики, при што три лица загинаа.
Според грчките медиуми, во несреќата загинале родителите и нивното бебе, додека второто дете е повредено и докторите се борат за неговиот живот.
Од автомобилот се извлечени жена и бебе без знаци на живот, додека мажот им подлегнал на повредите во болница.
