Фото: Принтскрин
Во тешка сообраќајка загинаа мајка, татко и бебе, додека седумгодишно девојче е повредено и доктори се борат за неговиот живот во Халкидики.
Мајката и бебето починале на местото на несреќата, додека таткото го загубил животот во болница.
Грчките медиуми пишуваат дека жртвите биле во автомобил со регистерски ознаки од Молдавија.
Несреќата се случила околу 18.20 часот на Халкидики на регионалниот пат Неа Мудања – Ситонија.
