Новите снимки покажуваат како изгледала драмата во авионот на „Рајанер“. Сопругата на 61-годишниот патник откри дека тој речиси две минути висел низ искршениот прозорец, а таа очајнички го држела додека заедно со уште двајца патници се обидувале да го извлечат назад.
„Само си помислив: ако умреме, ќе умреме заедно“, изјавила таа.
Според неа, во кабината настанал целосен хаос – се активирале кислородните маски, се слушнала силна експлозија, а нејзиниот сопруг неколкупати ја губел свеста.
Тој и понатаму е хоспитализиран со сериозни повреди и е во шок, додека истрагата за причините на инцидентот продолжува. Според првичните информации, се испитува можноста дефект на моторот да довел до кршење на прозорецот и нагла декомпресија на кабината.
Веста ја пренесува Bbc.com
