Фото: Принтскрин
Од денеска започнува примената на новите правила за користење електрични тротинети, со кои значително се заоструваат условите за нивно управување. Според новите прописи, тротинет ќе можат да возат исклучиво лица кои имаат најмалку 18 години.
Една од најважните новини е задолжителното носење заштитен шлем за сите возачи. Воедно, максималната дозволена брзина на велосипедските патеки е ограничена на 20 километри на час, додека на тротоарите и пешачките зони останува лимитот од шест километри на час.
Дополнително, при преминување преку пешачки премин, возачите се должни да се симнат од тротинетот и да го туркаат, освен ако на преминот не постои обележана велосипедска патека.
Новите правила забрануваат и превоз на друго лице со електричен тротинет. За потешки прекршоци, надлежните институции ќе имаат право привремено да го одземат тротинетот во период до 30 дена.
Целта на измените е да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и да се намали ризикот од несреќи поврзани со употребата на електричните тротинети.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
