Фото: Принтскрин
Шумски пожар денеска е регистриран во атарот на селото Бајково, на падините на планината Огражден.
Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата „Св. Петар и Павле“, ќе полетаат два „ер трактори“ од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) кои ќе помогнат во гаснењето.
„Денес околу 16.30 часот изби шумски пожар во атарот на с. Бајково, општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис, како и неколку граѓани кои помагаат во заштита на црквата“, информираат од ДЗС.
