Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нов скандал со меѓуврсничко насилство: Девојче брутално претепано и понижено во Куманово!

Gladiator 13/07/2026

Ново видео со вознемирувачка содржина, на кое е прикажано меѓуврсничко насилство, предизвика силни реакции во јавноста. Снимката, која се однесува на случај од Куманово, се појави во јавноста откако најпрво беше објавена во серијалот „Без цензура“ на новинарката Лиридона Вејсели, а потоа беше доставена и до медиумите.

Според достапните информации, инцидентот се случил пред околу еден месец. Иако случајот бил обид да се пријави во Полициската станица Куманово, жртвата официјално дала исказ дури денеска.

На видеото се гледа како три девојчиња физички напаѓаат друго девојче, нанесувајќи му повеќе шлаканици и клоци. Во текот на нападот, жртвата е влечена за коса, туркана кон ѕид и изложена на дополнително понижување, додека не покажува отпор и очигледно е во состојба на шок. Според неофицијални информации, една од напаѓачките има 19 години.

Снимката првично била споделена на социјалната мрежа „Снепчет“, придружена со заканувачки опис кој дополнително ја вознемири јавноста.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот активно се истражува.

„СВР Куманово, во координација со Основното јавно обвинителство Куманово, презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот. По завршувањето на постапката, јавноста ќе биде навремено информирана“, соопштија од МВР.

Ова е втор сериозен случај на меѓуврсничко насилство што излегува во јавноста во текот на овој месец. Претходно, во скопската населба Аеродром беше објавена снимка на која малолетно девојче беше принудено да клекне, да се извинува и да ветува дека нема да го пријави нападот, додека беше удирано и снимано од поголема група врсници.

Повторното појавување на вакви снимки отвори нови прашања за безбедноста на младите, улогата на социјалните мрежи во ширењето на насилството и потребата од побрза институционална реакција.

Веста ја пренесува Слободен печат.

Tags: девојче Куманово насилство

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) САД за првпат употреби ново оружје против Иран: Скапо, но незапирливо
Next: Ценовен шок од полноќ: Голем скок на цената на дизелот, а ќе поскапи и бензинот

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

11/09/2026
(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

11/09/2026
Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

11/09/2026
(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

(ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика
  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи: Мал уред предизвика вистинска паника!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.