Фото: VATROGASNA JEDINICA KOTOR
Министерството за внатрешни работи на Црна Гора соопшти прелиминарни информации за сообраќајката во Црна Гора во која загина едно лице, а повредени се 16.
Причината, според првичните информации, е премор на возачот, кој најверојатно заспал во еден момент за време на патувањето.
Незгодата се случила околу 13.10 часот кога комбето се движело од Никшиќ кон Котор.

