Фото: Меланија
Меланија, која е дипломирана физиотерапевтка, преку социјалните мрежи побара помош од институциите откако со години живеела во страв и била жртва на семејно насилство.
Девојката сведочи дека живее со нејзината мајка, баба и брат кој има церебрална парализа во дом со родител за кое тврди дека е алкохоличар и има психијатриска дијагноза.
„Не мора да има жртви за некој да слушне. Не мора да бидеме убиени или повредени за системот да реагира“, вели Меланија и јавно бара помош од надлежните институции да преземат нешто за случајот.
