Во недела, 12 јули, во близина на кружниот тек кај „Национал“ во Кочани ќе се одржи осветување на новопоставениот Крст, издигнат како симбол на почит и траен спомен за младите животи згаснати во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Верскиот чин е предвиден да се одржи од 10:30 до 11:00 часот, а ќе го предводи митрополитот Брегалнички г. Иларион, заедно со свештеници од кочанското архиерејско намесништво.
Со поставувањето и осветувањето на Крстот, локалната заедница уште еднаш ќе им оддаде почит на жртвите од една од најтешките трагедии што ја потресе земјата. На настанот се очекува присуство на голем број граѓани, семејства, блиски и верници, кои ќе имаат можност со молитва и молк да го одбележат споменот на загинатите.
Веста ја пренесува 24chasa.mk

