Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Двајца доктори приведени во Скопје

Gladiator 10/07/2026

Фото: Принтскрин

Основното јавно обвинителство (ОЈО) објави дека се проширува истрагата за ботоксите.

„Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени три лица, од кои двајца доктори.

Врз основа на прибраниот доказен материјал, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица. Тројца осомничени се товарат за кривичните дела „злосторничко здружување“ и „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“, додека едно лице е осомничено за кривичното дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, на сите четворица осомничени судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје им определи мерки на претпазливост.

Предметот е оформен во април годинава кога беше донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против 17 физички и шест правни лица за кои постои основано сомневање дека се инволвирани во извршување на кривичните дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“.

Истрагата продолжува во насока на целосно расчистување на сите околности на случајот и утврдување на евентуална инволвираност и на други лица“, соопшти ОЈО.

Tags: полиција

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Двајца припадници на групата „Беланоца“ уапсени во Драч
Next: (ВИДЕО) 12 загинати и 23 исчезнати во Шпанија: Бегале од огнот, па завршиле во замка

Најново

  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!
  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!

(ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!

11/09/2026
(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

(ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје

11/09/2026
(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

(ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани

11/09/2026
Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект

11/09/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Никој не очекуваше што ќе се случи во следните секунди: Снимката ги запрепасти сите!
  • (ВИДЕО) Дете крши улично осветлување среде ноќ во Скопје
  • (ВИДЕО) Детали за пожарот во Шуто Оризари: Изгореа повеќе дуќани
  • Нов напад од Софија: Костадинов сака во Уставот да пишува дека македонскиот јазик е бугарски дијалект
  • (ВИДЕО) Полицијата го најде и казни мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.