Жителите на Драчево изразуваат сериозно незадоволство поради запуштената и нехигиенска состојба во близина на гробиштата, каде што се забележуваат купишта отпад и расфрлано ѓубре.
Ивана Кнез јавно реагира на ваквата слика на социјалната мрежа facebook, оценувајќи дека е недозволиво место кое треба да биде симбол на почит, мир и достоинство да биде оставено во ваква состојба. Таа апелира до надлежните институции што е можно побрзо да преземат мерки, да го исчистат просторот и да спречат повторување на ваквиот проблем.
Граѓаните очекуваат брза реакција и соодветна грижа за јавните површини, особено за локации кои имаат посебно значење за заедницата.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
