Необична сцена од една охридска плажа стана тема на бројни коментари откако на социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа маж како седи на самиот брег и си ги сече ноктите, додека во негова непосредна близина има капачи.
Објавата за кратко време привлече големо внимание, а реакциите беа поделени. Голем дел од јавноста оцени дека ваквото однесување е несоодветно и нехигиенско, особено поради тоа што исечените нокти можат да завршат во езерото, каде во истиот момент престојуваат голем број посетители.
„Јавните плажи се простор што го користат сите и секој има обврска да води сметка за личната хигиена и за почитувањето на другите“, пишуваат корисници во коментарите на социјалните мрежи.
Фотографијата повторно ја отвори дискусијата за нивото на култура и однесување на јавните плажи, како и за потребата од поголема грижа за хигиената и почитувањето на заедничкиот простор, особено во екот на летната туристичка сезона.
Веста ја пренесува Premiernews.mk

