Дипломатски скандал ја бранува бугарската јавност откако на социјалните мрежи беа објавени видеоснимки за кои се тврди дека го прикажуваат бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков, во угостителски објекти.
Според објавите, амбасадорот бил снимен во повеќе наврати од засега непознати лица, а на снимките се гледа како престојува во кафеани. На дел од видеата пред него се забележува шише виски, додека корисниците на социјалните мрежи коментираат дека бил под дејство на алкохол.
Случајот предизвика бројни реакции и коментари во јавноста, а засега нема официјален став од бугарските институции. Се очекува Софија да се произнесе во врска со снимките и наводите што се појавија во јавноста.
Веста ја пренесува Infomax.mk
