Фото: Принтскрин
Рекорден регрес од 52.000 денари ќе биде исплатени на вработените, објави „Кам Маркет“.
„Со задоволство информираме дека оваа година на вработените во КАМ ќе им биде исплатен рекорден регрес од 52.000 денари.
Оваа одлука е дел од континуираната пракса на компанијата за унапредување на условите за работа и вреднување на трудот на вработените.
Во КАМ се стремиме да градиме средина во која луѓето се поддржани, ценети и мотивирани да придонесуваат секој ден. Со исплатата на рекорден регрес испраќаме јасна порака за значењето на луѓето во нашиот систем.
Благодарност до целиот тим за нивната посветеност и придонес во текот на годината“, се вели во нивната објава.
