Фото: Принтскрин
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски кажа дека украинската одбранбена индустрија достигнала ниво на производство на висока технологија кое би можело да го надмине капацитетот на Русија.
Тој најави дополнителни вложувања во развојот на воената индустрија и нови разговори со партнерите за финансирање на производи и испорака на системи за противвоздушна одбрана.
„Важно достигнување за нашата држава и нашите произведувачи на оружје. Украина достигна способност да произведува толку голема количина што ќе ја надмине и Русија“, кажа Зеленски.
