Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски кажа дека не планира да се кандидира за претседател на државата на следните избори.
Мицкоски кажа дека шпекулациите во јавноста не се точни дека планирал да се кандидира во 2029 година за претседател и затоа се прави новиот Изборен законик.
„Нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот, се враќам на факултет меѓу студентите. Немам таква амбиција“, кажа Мицкоски.
