Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Страшна семејна трагедија: Шумски пожар однесе два живота!

Gladiator 01/07/2026

Страшна семејна трагедија ја потресе северна Грција, откако во голем шумски пожар животот го загубија татко и неговиот малолетен син, додека мајката се здоби со повреди и е згрижена во болница.

Според информациите на грчките медиуми, меѓу кои и „Катимерини“, загинатиот е 66-годишен маж. Неговото тело било пронајдено во дворот на семејната куќа, а подоцна спасувачките екипи во домот го откриле и телото на неговиот 12-годишен син.

Пожарот избувнал вчера околу пладне во предел со ниска вегетација кај Дервени, во општината Ореокастро, северозападно од Солун. Поттикнат од силниот ветер, огнот за кратко време се проширил кон селото Лити и околната борова шума, што значително ја отежнало интервенцијата на противпожарните екипи. Поради сериозната опасност, бил активиран и системот за итни известувања 112.

Грчките власти наредиле итна евакуација на жителите на Лити, населба со околу 4.000 жители, кои биле префрлени на безбедна локација, на локалниот спортски терен.

Мајката на загинатото момче била пронајдена повредена и веднаш пренесена во болница во Солун. Според првичните информации, таа има повреди претежно на рацете и нејзината состојба не е животозагрозувачка.

Надлежните служби продолжуваат со истрагата за околностите под кои се случила трагедијата, додека пожарникарите и понатаму се борат со огнената стихија во погодениот регион.

Веста ја пренесува Slobodenpecat.mk

Tags: Грција пожар трагедија

Continue Reading

Previous: Бугарка лажела дека е медицинска сестра и „оперирала“ низ Хрватска
Next: Тригодишно дете пронајдено живо по шест дена под урнатините – чудо по разорните земјотреси во Венецуела!

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

„Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци

03/10/2026
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!

03/10/2026
(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

(ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис

03/10/2026
Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела

03/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • „Безбеден град“ наскоро ќе ги регистрира и овие прекршоци
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови снимки од трагедијата кај МНТ: Камерите го забележале кобниот удар!
  • (ВИДЕО) „Цар Самоил во минатото нè делеше, а сега нè обединува“: Радев го поздрави Мицотакис
  • Мицкоски кажа какви цени на горивата се очекуваат следната недела
  • Кораб повторно во центарот на вниманието: Вратен двоглавиот орел, симнато македонското знаме!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.