По необичната сцена во која граѓанин пловеше на душек низ поплавените улици, Скопје повторно стана тема на социјалните мрежи. Овој пат, вниманието го привлече лице кое реши да скокне во водата што се насобра на еден од мостовите по обилните врнежи.
Видеото брзо се прошири на интернет, предизвикувајќи бројни реакции. Дел од граѓаните го доживеаја настанот како хумористичен приказ на состојбата по дождовите, додека други посочија дека ваквите постапки се ризични и укажуваат на сериозни проблеми со одведувањето на атмосферските води.
По душекот што „пловеше“ низ Скопје, мостот накратко стана импровизирана скокалница, отворајќи нови прашања за инфраструктурата и справувањето со последиците од невремето.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
