Фото: Принтскрин
Полицијата од Загреб уапси 57-годишна Бугарка, која е осомничена дека со други две непознати лица дека измамила три повозрасни лица за сума од 13.000 евра.
Бугарката се сомнични за три казнени дела измама на штета на 80, 88 и 89-годишни жени.
Групата функционирала така што непознат маж се јавувал и претставувал како доктор, а непозната жена во позадина „глумела“ повреден член на семејство, по што 57-годишната доаѓала на адреса на жртвите за да ги земе парите за операција.
Бугарката била приведена во хотел, а кај неа биле пронајдени дел од парите од трите измами.
