Фото: Принтскрин
Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои за првпат детално се уредуваат правилата за управување со електричните тротинети во Македонија.
Според новите одредби, електричен тротинет ќе можат да управуваат само лица кои имаат наполнето најмалку 18 години. Максимално дозволената брзина е ограничена на 20 километри на час, а на тротинетот ќе смее да се превезува само едно лице.
Законот предвидува движењето на електричните тротинети да биде дозволено исклучиво по велосипедски патеки, а доколку тие не постојат, по пешачки патеки, согласно пропишаните правила. Дополнително, носењето заштитен шлем станува задолжително за сите возачи.
Исто така, забрането е управување со електричен тротинет под дејство на алкохол, а за прекршителите се предвидени парични казни, како и можност за привремено одземање на тротинетот.
