Фото: Принтскрин
ЈКП „Тетово“ објави снимка од несовесен граѓанин кој фрлил отпад во реката Пена.
„Го осудуваме неодговорното и незаконско постапување на граѓанинот кој го фрлил отпадот во реката Пена, нанесувајќи штета на животната средина и на јавниот простор. Чувајте го градот – животната средина е одговорност на сите“, објавија од ЈКП „Тетово“.
