На булеварот „Борис Трајковски“, на потегот од Кисела Вода кон Драчево, денеска беа забележани голем број листови хартија расфрлани по коловозот.
Според сведоштва на возачи кои минувале по оваа делница, најверојатно станува збор за фактури или друг вид документација. Засега не е познато дали документите биле намерно исфрлени или, пак, случајно испаднале од возило во движење.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
