Фото: Принтскрин
Проектот „Безбеден град“ ги покажува првите конкретни ефекти врз безбедноста на македонските патишта. Според податоците што ги објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, од 1 февруари до 22 јуни 2026 година во сообраќајни несреќи животот го загубиле 34 лица, што претставува намалување од околу 40 проценти во споредба со истиот период минатата година, кога биле регистрирани 55 жртви.
Во истиот временски период, системот преку поставените камери евидентирал околу 120.000 сообраќајни прекршоци. Најголемиот дел, односно дури 95 проценти, се однесуваат на возење со брзина над дозволената.
Камерите од системот „Безбеден град“ моментално функционираат во Скопје, Куманово и Тетово, како и долж коридорите 8 и 10. Министерот најави дека до крајот на годинава проектот ќе биде целосно проширен и имплементиран на територијата на целата држава.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
