Фото: Принтскрин
Катастрофалните земјотреси во краток период кои ја погодија Венецуела предизвикаа загриженост во регионот, а експертите велат дека не станува збор за класичен потрес, туку за редок сеизмолошки феномен.
Претседателот на Геофизичкиот Институт на Перу, Хернандо Тавера кажа дека станува збор за познат сеизмолошки феномен – двојно пукање на раседот.
Според негови зборови, потресите во Венецуела не биле еден единствен настан, туку два одвоени процеси на ослободување на енергија, во период од десетина секунди.
