Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство на Венецуела, откако два силни земјотреси ја погодија земјата, при што има голем број загинати и повредени лица.
Путин во писмото ја замоли својата колешка од Венецуела, Делси Родригез да пренесе сочувство на семејствата и пријателите за жртвите, а на повредените им посака брза рехабилитација.
„Изразуваме чувство на солидарност и потпора на пријателскиот народ од Венецуела во овој тежок период“, вели Путин.
