На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа електричен тротинет како се движи по коловоз со брзина поголема од 40 километри на час. Ваквото однесување во сообраќајот претставува сериозна опасност, не само за лицето кое управува со тротинетот, туку и за останатите учесници на патот.
Од снимката се забележува дека тротинетот се движи меѓу автомобили на прометна сообраќајница, со што значително се зголемува ризикот од сообраќајна незгода. Според информациите, видеото е снимено на една од главните улици во Општина Чаир.
Овој случај повторно ја актуелизира потребата од одговорно користење на електричните тротинети и почитување на сообраќајните правила, со цел да се зачува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Веста и видеото ги пренесува 24chasa.mk
