Фото: Принтскрин
Малата хероина Ана заѕвоне на победничкото ѕвонче откако доби една од најтешките битки во животот.
„Победничкото ѕвонче повторно силно заѕвони — за Ана, нашата мала хероина, која храбро ја помина и ја освои една од најтешките битки.
Секое ѕвонење е победа на детската храброст, на семејната љубов и на посветеноста на здравствените работници.
На Ана ѝ посакуваме многу здравје, среќа, насмевки и безгрижно детство.
Браво, Ана! Твојата победа денес е радост за сите нас“, објавија од Министерството за здравство.
