Фото: Принтскрин
Турската актерка Еџе Иртем почина ненадејно и ги шокира своите фанови, посебно тие кои ја следеа серијата „Шербет од брусница“, а сега се појавуваат нови детали од истрагата.
Актерката почина пред повеќе од една недела, по враќањето од патувањето во Тајланд, а новите детали покажуваат дека токму тоа патување е поврзано со смртта.
Турските медиуми пишуваат дека адвокатот на актерката побарал од обвинителството да истражи дали каснувањето од мајмун на патувањето во Тајланд е причина за нејзината смрт.
