Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) ДЗС со апел за внимателност до граѓаните: Во Македонија се пронајдени опасни хемиски гранати!

Gladiator 24/06/2026

Двете гранати, откриени во Битолскиот регион и уништени на Криволак, содржеле опасен хемиски реагенс, поради што надлежните апелираат на зголемена внимателност при пронаоѓање на сомнителни експлозивни предмети.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека две хемиски гранати од Првата светска војна, пронајдени на територијата на Македонија, биле безбедно уништени на армискиот полигон „Криволак“.

Гранатите биле пронајдени во Битолскиот регион, во подрачја низ кои историски минувале фронтовски линии за време на Првата светска војна. Едната е пронајдена во атарот на селото Крклино, а другата во близина на селото Кременица.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, изјави дека станува збор за артилериски гранати кои содржат хемиски боен реагенс со висока токсичност. Тој нагласи дека иако се работи за експлозивни средства од Првата светска војна, тие и понатаму претставуваат сериозен безбедносен ризик.

Според неговите информации, дополнителна опасност претставува тоа што гранатите и по долг временски период можат да ја задржат функционалноста на запалките, што значи дека несоодветно ракување може да доведе до активирање.

Ангелов посочи дека една од гранатите била пронајдена во ризична ситуација при обработка на земјиште со трактор, при што, за среќа, не дошло до нивно активирање.

Од ДЗС предупредуваат дека ваквите остатоци од експлозивни средства поради корозија и оштетувања често можат да изгледаат безопасно, поради што граѓаните не треба да ги допираат и веднаш да пријават на бројот за итни случаи 112.

Пиротехничар од ДЗС појасни дека овие гранати не функционираат како класични експлозивни средства, туку се дизајнирани да ослободат токсичен хемиски гас при активирање. Тој додаде дека изложеноста може да предизвика сериозни здравствени последици, особено за дишните органи, очите и кожата.

Според неговото објаснување, опасните супстанции можат да се задржат во поширока зона од местото на активирање, зависно од временските услови и ветерот.

Од ДЗС потсетуваат дека вакви случаи се регистрираат и во изминатиот период, што укажува дека во одредени делови од земјата сè уште постојат неексплодирани средства од Првата светска војна.

Институцијата уште еднаш апелира до граѓаните на внимателност и навремено пријавување на секој сомнителен предмет, без негово поместување или допирање.

Tags: Стојанче Ангелов

Continue Reading

Previous: (ФОТО) Почина еден од најпознатите доктори во Македонија
Next: (ФОТО) Екстрадиран 19-годишниот Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

Најново

  • (ФОТО) Екстрадиран 19-годишниот Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец
  • (ФОТО) ДЗС со апел за внимателност до граѓаните: Во Македонија се пронајдени опасни хемиски гранати!
  • (ФОТО) Почина еден од најпознатите доктори во Македонија
  • (ФОТО) Нови детали за смртта на актерката од „Шербет од брусница“
  • (ФОТО) УДАРНО НА ИНСТАГРАМ: Бојан Јовановски – Боки 13 се обрати јавно по прекин на молчењето!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Екстрадиран 19-годишниот Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

(ФОТО) Екстрадиран 19-годишниот Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец

24/06/2026
(ФОТО) ДЗС со апел за внимателност до граѓаните: Во Македонија се пронајдени опасни хемиски гранати!

(ФОТО) ДЗС со апел за внимателност до граѓаните: Во Македонија се пронајдени опасни хемиски гранати!

24/06/2026
(ФОТО) Почина еден од најпознатите доктори во Македонија

(ФОТО) Почина еден од најпознатите доктори во Македонија

24/06/2026
(ФОТО) Нови детали за смртта на актерката од „Шербет од брусница“

(ФОТО) Нови детали за смртта на актерката од „Шербет од брусница“

24/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Екстрадиран 19-годишниот Саит Саитов кој прегази жена во Капиштец
  • (ФОТО) ДЗС со апел за внимателност до граѓаните: Во Македонија се пронајдени опасни хемиски гранати!
  • (ФОТО) Почина еден од најпознатите доктори во Македонија
  • (ФОТО) Нови детали за смртта на актерката од „Шербет од брусница“
  • (ФОТО) УДАРНО НА ИНСТАГРАМ: Бојан Јовановски – Боки 13 се обрати јавно по прекин на молчењето!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.