Најмалку тројца ученици го загубија животот во вооружен инцидент што се случил во едно средно училиште, додека повеќе лица се здобиле со повреди и биле пренесени во блиските медицински центри.
Според првичните информации, нападот се случил за време на наставата, предизвикувајќи паника меѓу учениците кои во обид да се спасат ги напуштале училниците и барале безбедно засолниште.
Полициските служби брзо интервенирале и го обезбедиле просторот околу училиштето, а дополнителни безбедносни сили биле ангажирани за заштита на учениците, наставниот кадар и родителите.
Едно лице е приведено под сомнение за вмешаност во нападот, додека по уште едно лице активно се трага. Надлежните институции спроведуваат истрага за да ги утврдат причините и сите околности поврзани со трагичниот настан.
Веста ја пренесува Uticaj.tv
