Бојан Илиевски, победникот во деветнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, веднаш по големата победа гостуваше во емисијата „Гранд Специјал“, само неколку часа по историската вечер.
Младиот пејач сè уште бил под силни впечатоци и признава дека не очекувал толкава реакција и поддршка од публиката, која продолжува да го преплавува со пораки и честитки.
Тој открил дека емоциите не стивнуваат, а телефонот речиси му „заглавил“ од големиот број пораки што пристигнувале по победата.
– Сè уште сум под впечаток од синоќа, навистина не очекував ваква реакција. Телефонот ми се преоптовари од пораки. Баба ми е пресреќна, утрово кога станав повторно плачеше. И ѝ велам: „вчера плачеше, сега пак солзи“ – раскажал Илиевски.
Веста ја пренесува Grand.nova.rs
