Менторот на победникот од деветнаесеттата сезона на шоуто „Ѕвездите на Гранд“, Бојан Илиевски, Ѓорѓе Давид, за домашните медиуми проговори за тешкиот период низ кој минувал неговиот кандидат и проблемот со кој се соочувал.
Тој откри дека Илиевски се борел со зависност од коцкање, но нагласи дека таа фаза од неговиот живот сега е зад него.
Рокерот истакна дека Бојан е на прагот на голем успех и дека ова е момент кој мора да го искористи максимално, но откри и дека во еден момент младиот пејач сериозно размислувал да се откаже од натпреварот.
Според неговите зборови, токму во петтиот круг Илиевски бил психички скршен и сакал да се повлече, поради внатрешната борба со зависноста од коцкање, која Давид ја опиша како еден од најтешките пороци.
Тој додаде дека тогашниот период бил исклучително тежок за него, бидејќи, како што рече, човек во таква состојба лесно ги губи од вид семејството, целите и причината поради која започнал да се занимава со музика.
Давид направи и споредба со други слични случаи, нагласувајќи дека коцката знае да биде дури и поразорна од алкохолот и дрогата.
Исто така, откри дека му поставил јасен услов на Бојан – да продолжи понатаму само ако се соочи со проблемот и го надмине.
На крајот, Ѓорѓе Давид порача дека успехот на Илиевски не е само музичка победа, туку и лична победа на разумот и самоконтролата, додавајќи дека верувал дека токму овој позитивен исход ќе се случи.
Веста ја пренесува Grand.nova.rs


