ИБМ Петрол – Лажани ве информира дека во последниот период во оптек се пуштени нови банкноти од 2000 денари, кои имаат одредени разлики во изгледот во однос на претходните изданија.
Најлесно забележлива разлика е кај заштитната лента, која кај новите банкноти е поинаква и визуелно прекината во споредба со старата верзија.
Ве замолуваме да обрнете внимание при користење на банкнота од 2000 денари и да проверите дали се работи за постара или понова серија, бидејќи автоматот на нашата бензинска станица во моментов не ги препознава новите изданија.
Напомена: И двете верзии се целосно валидни и оригинални банкноти издадени од Народната банка соопштуваат од ИБМ Петрол.
Веста и фотографиите ги пренесува ИБМ Петрол.


