Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Загина позната македонска докторка во тешка сообраќајка

Gladiator 20/06/2026

Фото: Принтскрин

Д-р Емилија Котеска Аврамчева го загубила животот во тешка сообраќајна незгода на автопат на влезот на Варшава, Полска.

„Македонската амбасада во Варшава, со голема тага, ја споделува веста за смртта на д-р Емилија Котеска Аврамчева, која во раните утрински часови почина од последиците на трагичен сообраќајен инцидент кој се случи вчера попладне, на автопат на влезот на Варшава.

Би сакал да изразам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство : ќерката Магдалена, синот Константин, мајката и сестрата. Загубата е огромна и ненадоместлива.

Д-р Емилија беше личност со извонредна енергија : исклучително успешна во својата професија како доктор, извонреден менаџер на нејзината приватна поликлиника во Жирардов со преку 70 вработени доктори, успешен бизнисмен и претприемач, но, истовремено,целосно посветена на „македонската кауза“ во Полска (и самата беше ќерка на бегалец од Егејска Македонија).

Таа постојано беше еден од носечките столбови на македонската заедница во Полска, секогаш подготвена да помогне. Само пред десетина дена таа прва донираше средства за Спомен-обележјето кое ќе се подигне во Полице-градот кој беше собирен центар за децата-бегалци во 1949 година.

Таа имаше извонредна мрежа на контакти во Полска, на највисоко ниво. Нема да заборавам како, користејќи ги контактите со највисоките функционери во Полска, ја одигра клучната улога за да Полска прифати на лекување двајца пациенти од трагедијата во Кочани.

На минатогодишниот прием по повод нашиот Национален празник го обезбеди присуството на Лешек Милер, премиерот на Полска во чие време земјата влезе во ЕУ.

Имавме чести средби. Беше подготвена да помогне во секој поглед на Амбасадата. Истото искуство го имаа сите дипломати од претходните состави во Амбасадата.

Не пропушташе ниту еден настан организиран од Амбасадата. Имаше средби во Амбасадата во Варшава, но и во Скопје со ЗМНР Димитровски. На приемот во март во Амбасадата, имаше долг, срдечен разговор со претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

И покрај нарушеното здравје, се уште имаше големи планови : инвестиции во нашата земја, отворање нова поликлиника во Варшава…Едноставно-беше неуморна, енергична, храбра жена, која и (ретките) неуспеси ја правеа уште поцврста и поупорна.

За македонската заедница во Полска ова е ненадоместлива загуба-таа беше еден вид симбол на меѓусебното поврзување на релативно малиот број Македонци во оваа голема земја.

Јас и мојата сопруга нема никогаш да ја заборавиме помошта која ни ја укажуваше со (не само) медицински совети…

Почивај во мир, драга докторке Емилија“, објавија од македонската амбасада во Полска.

Tags: Емилија Котеска Аврамчева

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Деца уништувале контејнери и друга опрема во Аеродром

Најново

  • Загина позната македонска докторка во тешка сообраќајка
  • (ВИДЕО) Деца уништувале контејнери и друга опрема во Аеродром
  • (ФОТО) Брза реакција на полицијата: Пронајден 19-годишникот кој прегази тригодишно девојче во Визбегово
  • (ФОТО) ВНИМАНИЕ: Нови 2000 денари – важна информација за плаќање!
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе: Две жени со сериозни повреди, осум лица полесно ранети!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Загина позната македонска докторка во тешка сообраќајка

Загина позната македонска докторка во тешка сообраќајка

20/06/2026
(ВИДЕО) Деца уништувале контејнери и друга опрема во Аеродром

(ВИДЕО) Деца уништувале контејнери и друга опрема во Аеродром

20/06/2026
(ФОТО) Брза реакција на полицијата: Пронајден 19-годишникот кој прегази тригодишно девојче во Визбегово

(ФОТО) Брза реакција на полицијата: Пронајден 19-годишникот кој прегази тригодишно девојче во Визбегово

20/06/2026
(ФОТО) ВНИМАНИЕ: Нови 2000 денари – важна информација за плаќање!

(ФОТО) ВНИМАНИЕ: Нови 2000 денари – важна информација за плаќање!

20/06/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Загина позната македонска докторка во тешка сообраќајка
  • (ВИДЕО) Деца уништувале контејнери и друга опрема во Аеродром
  • (ФОТО) Брза реакција на полицијата: Пронајден 19-годишникот кој прегази тригодишно девојче во Визбегово
  • (ФОТО) ВНИМАНИЕ: Нови 2000 денари – важна информација за плаќање!
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Куманово – Свети Николе: Две жени со сериозни повреди, осум лица полесно ранети!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.