Стружанец на 31-годишна возраст се здобил со повреда додека ловел риба со харпун во водите на Охридското Езеро, информираат од полицијата.
Инцидентот бил пријавен на 18.06.2026 година во 22:25 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во Охрид. Според пријавеното, лицето И.М. од Струга, при подводен риболов во близина на автокамп на охридското крајбрежје, ненамерно се повредил со сопствениот харпун.
Полициски екипи по пријавата го пронашле повредениот маж, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струга, каде е задржан на лекување.
По насока на јавен обвинител, харпунот и целата риболовна опрема се одземени за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Веста ја пренесува Infomax.mk
