Фото: Принтскрин
На 21 јуни се планираше двочасовно блокирање на трите гранични премини меѓу Македонија и Бугарија, меѓутоа нашите источни соседи се премислија.
Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ објави дека новата одлука била донесена по разговори меѓу бугарските институции и дипломатските претставници.
Според најновите информации, сообраќајот на 21 јуни ќе се одвива без организирани прекини.
