ЈП „Водовод и канализација“ информира дека во сабота ќе има значително нарушување во водоснабдувањето во повеќе делови од главниот град, поради дефект на затворачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и кејот „Димитар Влахов“.
Поради планираните технички интервенции, прекин на водоснабдувањето ќе има во периодот од 09:00 до 22:00 часот.
Без вода ќе останат следните објекти и улици:
- МАНУ
- Основен суд 2
- Младински културен центар
- Универзитетска библиотека
- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
- ТЦ „Мавровка“
- Дел од Старата скопска чаршија
- Саат-кулата
- ул. „Петар Ѓорѓиев“
- ул. „Отокар Кершовани“
- ул. „Адвокатска“
- дел од бул. „Крсте Мисирков“
- населба Крњево
- Македонска телевизија
- трговскиот центар „Ист Гејт“
Од претпријатието предупредуваат и дека во населбата Автокоманда (ниска зона до Камник) може да дојде до намален притисок или повремени прекини во водоснабдувањето.
Веста ја пренесува Skopjeinfo.mk
