Во тетовското село Брвеница е пријавен грабеж во црквата „Св. Атанасиј“, при што непознат сторител во текот на денот ја одзел црковната каса со пари која се наоѓала во близина на самиот влез на храмот. Според информациите од полицискиот билтен, настанот се случил на 15.06.2026 година околу 16:30 часот, додека пријавата до СВР Тетово била поднесена следниот ден, на 16.06.2026 година во 11:30 часот. Полицијата презема мерки и активности за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Веста ја пренесува Zboruvaj.mk
