Фото: Александар Тренкоски Маестро
Македонскиот кларинетист Александар Тренкоски објави дека на 8 јуни заедно со неговата сопруга Данела Тренкоска станале родители, односно добиле син.
Тренкоски на неговиот профил на социјалните мрежи објави фотографија и кратка порака.
„Слава на Бог за овој благослов. Јуни е нашиот семеен роденденски месец, а оваа година списокот стана побогат со уште еден голем славеник. 08.06.2026 Честитки до мама Даниела Тренкоска за нејзината сила, љубов и храброст“, објави тој.
