Во скопската населба Железара се одржа културно-музичкиот настан „КомшиLOOK“, кој повторно го претвора маалото во отворена сцена. Терасите на познатите црвени згради на улицата „Коце Металец 1“ се користат како импровизирани бини од кои се изведуваат препознатливи македонски музички нумери.
Жителите и посетителите уживаат во програмата која се одвива буквално меѓу зградите, создавајќи живописна атмосфера во која музиката и секојдневниот урбан живот се спојуваат во една целина. Настанот носи уметност директно во маалскиот простор и ја приближува културата до сите присутни.
Годинешното издание вклучува и специјален сегмент – „комшиска опера“ инспирирана од познатото дело „Травијата“ од Џузепе Верди, кој дополнително ја збогатува вечерната програма.
Со ваквиот концепт, „КомшиLOOK“ уште еднаш ја враќа енергијата во Железара и ја претвора населбата во жив културен простор исполнет со музика, дружење и уметнички израз.
Веста и видеото ги пренесува 24chasa.mk
