Осумдесет и тригодишен жител на Скопје бил извлечен од давење во реката Вардар во реонот на Карпош, по брза реакција на случаен минувач, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, на 12 јуни околу 07:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека непосредно претходно, околу 07:00 часот, очевидец забележал и успеал да извлече постаро машко лице кое се борело за воздух во водата.
Станува збор за Д.И. (83) од Скопје, за кого е наведено дека имал одредени здравствени потешкотии.
Веднаш по интервенцијата на граѓанинот, на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала прва помош и потоа го транспортирала во Градската општа болница „8 Септември“ за понатамошно лекување.
Од СВР Скопје е извршен увид на местото на настанот.
Веста и фотографијата ги пренесува Skopje1.mk
