Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес кочани македонија напад невреме несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ВИДЕО) Скопје добива брз железнички превоз: Маџари – Железничка за само 5 минути, еве кога ќе стартува!

Gladiator 12/06/2026

Патувањето со Градскиот воз од Маџари до Транспортниот центар ќе трае само 5 минути, што е значително побрзо од сегашниот автобуски превоз кој на истата релација вози речиси половина час.

Утринското тест-возење го следеа претставници од двете железнички компании, МЖ Транспорт и Инфраструктура, кои со тоа ја проверија функционалноста на новата линија.

„Првата фаза од релацијата Зелениково – Скопје е завршена речиси до 90 отсто. Во моментов работиме на горниот строј, заменувајќи дотраените дрвени прагови со бетонски, а каде што е потребно, се поставуваат нови дрвени прагови, согласно условите на теренот. За другите две фази е во тек постапка за избор на проектант, а градежните активности планираме да започнат оваа есен“, изјави Ивана Бикоска од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура.

Градскиот воз се очекува да започне со работа на 1 септември, со почетокот на учебната година. Од инфраструктурата уверуваат дека градежните работи ќе бидат завршени, но за целосна функционалност е потребна набавка на дополнителни возови. За првата линија возовите веќе се обезбедени, а за останатите две траси се очекува нивно пристигнување во наредниот период. Вкупно, на сите три траси ќе бидат потребни повеќе од 50 возови.

„Од септември, наутро ќе сообраќаат два воза, а потоа по еден. Во целост, планирано е секоја траса да има околу 18 возови, што значи вкупно 54 за сите три линии“, објасни Горанчо Јовановски, директор за патнички сообраќај.

Еколошките организации веќе дадоа предлози за подобрување на градскиот воз, нагласувајќи дека станиците треба да бидат пофункционални и пристапни за сите, вклучително и лица со попреченост. „Некои станици се недостапни и оддалечени од населени места. Можеби треба ЈСП да обезбеди транспорт до нив“, истакна Дарко Арсовски Петровски од „Гоу Грин“.

Во моментов, железничките линии од Скопје се протегаат до Велес, Гевгелија, Кочани и Кичево, според возниот ред на МЖ Транспорт.

Инаку, проблемите со железницата се долговремени. Претходно се дискутираше и за приватизација, а двете железнички компании се на врвот на листата на должници на Министерството за финансии, со неплатени обврски кои изнесуваат околу 80 милиони евра.

Веста и видеото ги пренесува Телма.мк

Tags: воз железничка Скопје

Continue Reading

Previous: Дамјан се бори за живот – Да не го оставиме сам!
Next: Москва ги засили нападите врз Украина: Путин испрати моќна порака

Најново

  • Градоначалникот на Бутел објави прекрасна вест: Вечерва Господ ми подари три внучиња
  • (ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна 48. традиционален „Илинденски марш“ – коњаниците тргнаа кон Крушево
  • Нови детали за Македонката која прегази куче во Црна Гора: Еве каква мерка ѝ изрече судот!
  • Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!
  • (ВИДЕО) Снимка што го открива најризичниот момент за пилотите на противпожарен авион!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Градоначалникот на Бутел објави прекрасна вест: Вечерва Господ ми подари три внучиња

Градоначалникот на Бутел објави прекрасна вест: Вечерва Господ ми подари три внучиња

27/07/2026
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна 48. традиционален „Илинденски марш“ – коњаниците тргнаа кон Крушево

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна 48. традиционален „Илинденски марш“ – коњаниците тргнаа кон Крушево

27/07/2026
Нови детали за Македонката која прегази куче во Црна Гора: Еве каква мерка ѝ изрече судот!

Нови детали за Македонката која прегази куче во Црна Гора: Еве каква мерка ѝ изрече судот!

27/07/2026
Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!

Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!

27/07/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Градоначалникот на Бутел објави прекрасна вест: Вечерва Господ ми подари три внучиња
  • (ФОТОГАЛЕРИЈА) Почна 48. традиционален „Илинденски марш“ – коњаниците тргнаа кон Крушево
  • Нови детали за Македонката која прегази куче во Црна Гора: Еве каква мерка ѝ изрече судот!
  • Ова е најкраткиот брак во регионот, еве колку траел!
  • (ВИДЕО) Снимка што го открива најризичниот момент за пилотите на противпожарен авион!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.