На 11 јуни 2026 година, во утринските часови, било констатирано пукање на цевка за пренос на отпадни води во Пефкохори, што предизвикало излевање на канализацијата на одреден дел од плажата.
Веднаш по пријавувањето на проблемот, надлежните служби на општината излегле на терен и започнале со санација на дефектот. Со интервенцијата излевањето било запрено, а дефектот поправен.
Паралелно биле извршени активности за миење и дезинфекција на погодената зона.
Воведена е привремена забрана за купање на плажата кај Акрoтири во Пефкохори, на потег од 200 метри од местото на истекување во двете насоки, сè додека не се добијат резултатите од лабораториските испитувања.
Засегнатиот дел од плажата се наоѓа кај истоимениот beach bar Акрoтири, на излезот од Пефкохори.
Ново соопштение ќе биде објавено веднаш по завршувањето на лабораториските анализи и објавувањето на резултатите.
Важно е да се истакне дека во Грција отпадните води не се испуштаат директно во морето. Тие се пренесуваат преку канализационата мрежа до постројки за прочистување, каде се третираат согласно стандардите.
Во овој случај, дефектот се случи на цевка која го пренесува водата до постројката за прочистување.
Веста ја пренесува Grcka.info
